Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Кристијан Јанев заедно со Чарли Базил од Швајцарија како победници го завршија Диана купот во Софија турнир за играчи до 18 години. Успехот на младиот македонски тенисер е голем од причина што остварија победи и против првите и вторните носител на турнирот, а три од четирите победи ги постигнаа со пресврт и во решавачкиот сет на поени беа поуспешни.
Во финале Јанев и Базил ги победија првите носители Доминик Дујка (Чешка) и Марко Меаци (Италија) со 2-1 во сетови (67(3) 76(3) 10-7). Единствената победа во два сета беше против вторите носители Константинос Мегалемос и Алекос Тимини од Кипар со 2-0 во сетови (63 64). Во четвртфиналето ги совладаа Мартин Бонев (Бугарија) и Родион Четвериков (Украина) со 2-1 во сетови (46 64 10-6), а на стартот беа подобри од Романците Тудор Јонеску и Рафаел Марин со 2-1 во сетови (36 75 10-6).