Алексовски победник на турнирот во Скопје

April 27, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски трумфираше на турнирот „Југ опен“ (категорија 3) што се играше во Скопје, на терените на ТК Југ за тенисери до 14 години. Алексовски на тој начин ја оправда фаворитската улога – носител број 1 на турнирот. На целиот турнир македонскиот тенисер имаше пет победи без загубен сет. Во финалето тој го совлада Реита Јаманака од Јапонија со 2-0 во сетови (63 62).

Претходно во полуфиналето беше поуспешен од Макс Стасен со 2-0 (61 63), додека во четвртфиналето противникот Бен Арјен Вегнер од Германија му го предаде мечот. Во првите два меча ги совлада Андрија Бојовиќ од Србија 2-0 (62 63) и Јасонас Спиру од Германија со 2-0 (61 63).

Успешен настап на турнирот „Белви куп“ во Улцињ за играчи до 12 години (категорија 2) имаше и македонскиот тенисер Максим Дојчинов кој  заедно со Јулијан Лубина од Швајцарија  завршија како победници откако во финалето во игра на двојки ги победија Виктор Стакиќ од Србија и Артјом Сторожук од Русија со 2-0 во сетови (64 64).

Финалист на турнирот Ј100 во Измир за тенисери до 18 години беше Амар Хусеиновиќ, кој во конкуренција на двојки заедно Илхан Башар Шенел од Турција беа поразени во финалето од Михаел Аванесјан од Ерменија и Кирил Филаретов од Русија со 2-1 во сетови (76(4) 36 и 10-4 на поени).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани