Стоилковска запрена во финалето од квалификациите на фјучрс во Грузија

April 28, 2025

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска не успеа да избори пласман на ИТФ фјучрс турнирот W50 Лопота што се игра во Грузија. Таа денеска во финалето од квалификациите загуби од Дарја Сувирџонкова од Србија со 2-1 во сетови (46 62 61).Мечот траеше 2 часа и 30 минути.

Во првиот сет македонската тенисерка беше посигурна и успеа да го добие сетот со 6:4 со тоа што во последните два гема од сетот противничката не освои ниту еден поен. Во следните два сета противничката беше подобра и успеа да направи пресврт во мечот добивајќи ги сетовите со 62 и 61 во гемови.

На турнирот како директен учесник настап ќе има и Лина Ѓорческа, која е рангирана и како четврта носителка. Таа утре во меч од првото коло ќе игра против домашната тенисерка Зозија Кардева која благодарение на „вајлд картата“ има директно учество.

Лина на овој турнир ќе настапи во конкуренција на двојки каде заедно со Екатерине Горгодзе (Грузија) во првото коло ќе играат против првите носителки Мартина Кубкова (Полска) и Лиса Заар (Шведска).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани