Турнирите во младинска конкуренција како најава Маcedonian Open 2025

April 30, 2025

За љубителите на тенисот празникот 1.мај може да се искористи на најдобар можен начин и да се проследат возудувањата на турнирот за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра на терените на ТК Југ во Градскиот парк. Овој турнир е прдолжение на уште еден кој се одржа претходната недела за играчи до 14 години, на кој победи младиот македонски тенисер Марко Алексовски.

На турнирот Скопје Опен 2025 утре (четврток) 1.мај неколку македонски тенисери и тенисерки ќе настап во мечевите од 3.коло во поединечната конкуренција. На теренот број 5 во ТК Југ од 9 часот е мечот на Кристијан Јанев, потоа следува мечот на Сара Митевска, а потоа настап ќе има и Амар Хусеиновиќ. На теренот број 8 ќе настапи и Ерион Незири, а во текот а денот и неколку македонски тенисери ќе имаат настапи во конкуренција на двојки.

По завршувањето на овој турнир следната недела ќе се одржат мечеви во рамки на Поинтер Опен 2025 што ќе биде само продолжение на турнирите во младинска конкуренција, но воедно овие турнири се најава за централниот тениски настан во месец мај традиционално во Скопје – АТП Челинџер турнирот Macedonian Open (средина на месец мај).

Во рамките на активностите на тениската федерација на 3.мај – сабота на Плоштадот во Охрид ќе се одржи тенискиот фестивал (од 11 до 14 часот).

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани