Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го старуваше ИТФ турнирот во грузискиот град Лопота. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Зозија Кардава со 2-0 во сетови (75 62). Турнирот се игра за награден фонд од 40.000 долари и е од рангот W50.
Утре Ѓорческа ја очекува настап во второто коло каде за ривалка ќе ја има руската тенисерка Анастасија Тихонова. Ова ќе биде нивни четврти меѓусебен меч, а 2-1 во победи е за Тихонова.
Ѓорческа на овој турнир настапува и во конкуренција на двојки заедно со Екатерине Горгодзе во првата рунда ќе играат против првите носителки Мартина Кубка од Полска и Лиса Заар од Шведска.