Пораз на Ивановски во изедначен меч во финалето од квалификациите во Загреб

May 12, 2025

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен меч од финалето од квалификациите од Челинџерот Загреб 75 загуби од тенисерот од БиХ Мирза Башиќ со 2-1 во сетови (64 36 76(1)) во меч што траеше 2 часа и 22 минути игра. Ивановски со тоа успишти шанса за пласман преку квалификациите на главниот турнир на овој Челинџер.

Мечот беше изедначен, а Ивановски на стартот направи брејк и поведе со 2:0 во гемови. Сепак противникот брзо „се врати“ и направи пресврт и поведе со 4:2 во гемови. Калин успеа да направи уште еден брејк за 4:4 во сетот, но Башиќ го доби сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ивановски беше тој што имаше контрола над играта и резултатот. Единствениот брејк во шестиот гем го направи Ивановски за водство од 4:2 во гемови, а сетот го доби со 6:3 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер успеа да одземе сервис на противникот во третиот гем за водство од 2:1 во гемови, а предноста ја имаше до 5:3. Во десеттиот гем Башиќ го врати „брејкот“ и на сервис на Ивановски изедначи на 5:5 во гемови. Сетот и мечот беше решен во тај брејкот, кој со 7-1 на поени го освои Башиќ.

Ивановски за пласманот во финалето од квалификациите ќе добие два поена.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани