Фаворитите без проблеми стигнаа до полуфиналето на Macedonian Open 2025

May 22, 2025

Тројца од носителите на АТП Челинџерот 75 Macedonian Open 2025 ќе играат во утрешните полуфинални мечеви.

На Централниот терен фаворитите без поголеми проблеми стигнаа меѓу најдобрите четири на годинашново издание. Во првиот меч Британецот Џеј Кларк го победи ланскиот шампион на Macedonian Open Жоел Шварцлер од Австрија со 2-0 во сетови препуштајќи му само четири гема. Во вториот меч носителот број 1 Хуго Делиен од Боливија беше уште поубедлив против „среќниот губитник“ Даниел Михалски од Полска на кој му дозволи да освои само три гема.

За разлика од Централниот терен на теренот број 5 се водеше голема борба во двата меча. Прво осмиот носител и играчот што во првата рунда го елиминираше нашиот Калин Ивановски, Мили Пољичак оствари триумф од 2-0 против Михаел Гертс од Белгија. Мечот имаше два различни сета, првиот решен по тај брејк, а во вториот Пољичак беше убедлив и на пртивникот му дозволи да освои само еден гем. Квалификантот Нермин Фатиќ беше во негатива од 1-0 во сетови, а во вториот сет во тај брејкот успеа да спаси и меч топка и со тоа се избори за решавачкиот сет. Во третиот сет имаше целосна контрола и го доби со 6:2 во гемови.

Во полуфиналето утре ќе играат: Делиен против Кларк и Пољичак против Фатиќ.

Беа одиграни и ќетвртфиналните мечеви во конкуренција на двојки и во сите имаше голема неизвесност три завршија во три сета игра, а во единствениот што беше 2-0 во сетови беа одиграни речиси максимален број гемови.

Утрешната полуфинална програма почнува во 10:30 часот. Сингл мечевите ќе се играат на Централен терен, додека мечевите во конкуренција на двојки ќе се играат на теренот број 5.

РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТОК 22.МАЈ

ЦЕНТРАЛЕН ТЕРЕН

Џеј Кларк (3, Велика Британија) – Жоел Шварцлер (Австрија)   2-0 (63 61)

Хуго Делиен (1, Боливија) – Даниел Михалски (Полска)     2-0 (62 61)

ТЕРЕН БРОЈ 5

Мили Пољичак (8, Хрватска) – Михаел Гертс (Белгија)   2-0 (76(3) 61)

Нермин Фатиќ (БиХ) – Кристоф Негриту (Германија)   2-1 (36 76(6) 62)

Марсело Демолинер, Марсело Зорман (4,Бразил) – Даниел Цукерман (Израел), Михаел Гертс (Белгија)   2-1 (67(3) 62 10-6)

ТЕРЕН БРОЈ 6

Ендрју Полсон, Михаел Врбенски (Чешка) – Клив Харпер  (2,Канада), Рајан Сегерман (2, САД)  2-1 (67(1) 63 10-5)

Срирам Балаји (1,Индија) Мигуел Рејес-Варела(Мексико) – Александер Донски (Бугарија), Серхио Мартос Хорнес (Шпанија)  2-0 (76(9) 75)

Чудари Болипали, Сундар Прашнат (3, Индија)  – Неил Оберлајтнер, Давид Пишлер (Австрија)  2-1 (67(4) 75 10-8)

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани