Четвртфинале за Ѓорческа во Куршумлијска бања

May 29, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот W35 Куршумлијска бања. Таа во мечот од второто коло беше убедлива во мечот со домашната тенисерка Андреа Обрадовиќ и за 87 минути стигна до победата од 2-0 во сетови (64 61).

Неизвесност во мечот имаше само во првиот сет кога двете тенисери имаа вкупно пет брејка (три за Ѓорческа, два за Обрадовиќ, со тоа што македонската тенисерка постојано беше во предност и сетот го заврши со 6.4 во гемови. Во вториот сет по 1:1 во гемови, Лина имаше серија од пет освоени гемови и сетот го заврши со убедливи 6:1 за конечни 2-0 во сетови.

Во следната рунда во четвртфиналето на турнирот што се игра за награден фонд од 30.000 долари Ѓорческа утре ќе игра против Анастасија Золотарева, која днеска славеше победа од 2-1 восетови против Ања Станковиќ.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани