Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања во Србија. Таа денеска во четвртфиналниот меч по 2 часа и 10 минути игра ја совлада Анастасија Золотарева со 2-1 во сетови (46 62 64).
Во првиот сет македонската тенисерка имаше добар почеток и водство од 3:0 во гемови, но ривалката успеа да го добие сетот откако до крајот на првиот дел на Ѓорческа и дозволи да освои само еден гем и сетот заврши со резултат од 6:4 во гемови за Золотарева. Во вториот сет по водството од 1:0 на противничката Лина направи серија и со 6:2 во гемови успеа да изедначи ан 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во првите седум гемови имаше брејк и резултатот беше 4:3 за Ѓорческа, која поведе со 5:3 и таа предност ја зачува до крајот и сетот го доби со 6:4 во гемови.
Утре во полуфиналето не пред 11:30 часот на теренот „Виктор Троицки“ ќе игра со Жибек Куламбајева од Казахстан.