Дејвис куп: Играчите повикуваат – со поддршка од трибините до победа против Молдавија

June 11, 2025

Македонската репрезентација утре игра исклучително важен меч. Противник ни е селекцијата на Молдавија против која и во минатото сме играле дуели за пласман, но утрешниот има уште поголема тежина. Со победа Македонија ќе има шанси за пласман во Втората Светска група, односно чекор напред во ова натпреварување.

Од таа причина играчите предводени од опоравениот Калин Ивановски повикуваат сите кои се во можност утре од 10:30 часот да дојдат и да им дадат подршка во мечот со Молдавија. Дуелите во Дејвис купот и настапот за националниот тим за секој спортист е дополнителен предизвик за подобра игра, но уште поголем мотив е кога на трибините ќе има и публика. Почетокот на распустот нека биде убава прилика за покрај прошетката низ паркот да се проследи и спортски настан и воедно да им се даде поддшка на македонските тенисери.

Во македонскиот тим ќе се појави и Калин Ивановски, кој поради повреда од додегашните мечеви одигра само еден во двојки, а тој ќе „стисне заби“ и ќе го предводи македонскиот тим во утрешниот дуел.

Молдавија може да се победи со Ваша помош, затоа дојдете да им помогнеме на македонските тенисери. Почетокот на првиот меч е во 10:30 часот, а влезот е слободен.

СО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ НА ТРИБИНИТЕ И „ЗАГРЕАНИ ДЛАНКИ“ ДА ПОМОГНЕМЕ ЗА НОВА ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА ВО ДЕЈВИС КУПОТ.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани