Во првиот сет беше изедначено до 3:3 во гемови, а потоа во седмиот гем Неиманис го направи првиот брејк за водство од 4:3. Во деветтиот гем од сетот Летонецот имаше уште еден брејк со што сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет Неиманис успеа да направи брејк во четвртиот гем за водство од 3:1 во гемови. По 4:2 во седмиот гем Јанев пропушти да направи брејк откако имаше четири брејк топки, но во тие моменти и противникот повторно имаше сигурен сервис исто како и во првиот сет. До крајот на сетот немаше изненадување и сетот заврши со 6:3 со што Летонија поведе со 1:0.
Во вториот меч за Македонија ќе игра Калин Ивановски, а негов ривал ќе му биде Артурс Жагарс.
ФОТО: Игор Паневски