Елиминација на Стоилковска на фјучрсот во Србија

June 18, 2025

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Куршимлијска Бања, Србија (награден фонд 15.000 долари). Таа во првото коло загуби од четвртата носителка Лидија Енчева од Бугарија со 2-0 во сетови.

Првиот сет Енчева го доби на со само еден загубен гем – 6:1, додека во вториот сет беше 4:1 за бугарската тенисерка по направениот брејк повеќе. До крајот на мечот (сетот) немаше повеќе брејкови, па Енчева го освои сетот со 6:3 во гемови.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани