Ивановски поразен, иако поведе во мечот со Кузманов

June 18, 2025

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во Ројан, Франција откако во мечот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (46 63 63) за 2 часа и 25 минути игра.

Ивановски имаше одличен почеток на мечот со брејк во првиот гем, а потоа во седмиот гем уште еднаш го одзема сервисот на противникот за водство од 5:2 во гемови. Противникот сепак успеа да намали на 5:4 со еден брејк, но Ивановски сетот го заврпи со 6.4 и водство од 1-0. Сепак поискусниот ривал (31.година) во следниот сет делуваше посигурно и на почетокот на сетот во вториот гем направи брејк и брзо стигна до предност од 3:0, која ја задржа до крајот на сетот за 6:3 во гемови и 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Кузманов повторно на стартот направи брејк за водство од 1:0, а во продолжението не дозволи Ивановски да има брејк шанса и сетот го заврши со 6:3 во гемови што значеше победа од 2-1 во сетови.

Ивановски за настапот во второто коло на овој Челинџер ќе освои 4 поени, а следнадата недела го очекува на настап на ИТФ фјучрс турнир во Загреб.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани