Победа од 2-1 за младите македонски тенисери против Ерменија во рамки на Зоната Е од летниот куп на Tennis Europe, на дуелот што беше одигран денеска во Газиантеп, Турција. Македонија вчера беше поразена од Грција со 3:0 и со денешната победа натпреварувањето го заврши на петтото место.
Македонските тенисери ги добија двата меча во сингл: Марко Алексовски во неизвесен меч го совлада Арно Аветисјан со 2-1 во сетови (75; 67 и 10-7 на поени). Вториот поен за Македонија го донесе Алексеј Стојановски, кој со 2-0 во сетови (63 и 62) го победи Хмајак Аветисјан.
Во мечот во двојки за Македонија настапија Стојановски и Андреј Темов и беа поразени од Арно Аветисјан и Манвел Агајан со 2-0 во сетови (53 и 40).
Македонскиот тим го предводеше тренерот – капитен Андреја Исаиев.