Македонскиот тенисер Горазд Србљак со две победи во квалификациите успеа да се избори за финале во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања. Тој денеска во второто коло го солада домашниот тенисер Србинот Астро Пилиповиќ со 2-1 во сетови (62 46 10-2 на поени). Србљак претходно забележа победа во стартното квалификациско коло над Аргентинецот Валентин Гуадањо со 2-0 во сетови (63 63).
Утре за пласман на главниот турнир македонскиот тенисер ќе игра против првиот носител во квалификациите Аристарих Сафонов.