Бугариќ првак на Македонија

July 13, 2025

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Берк Бугариќ е новиот шампион на Македонија во тенис откако денеска во финалето на Државното првенство го совлада репрезентативниот колега младиот Кристијан Јанев. Бугариќ прикажа сигурна игра и со тоа ја оправда фаворитската улога совладувајќи го ривалот со 2-0 во сетови (62 60). За двајцата тенисери ова беше прво финале на државното првенство.

На овој начин Бугариќ годинава стигна до двојна круна откако вчера во конкуренција на двојки со Елдин Хусеиновиќ ја освија титулата.

Шампионка кај жените е Александра Симева која беше подобра од Теона Андова.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани