Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја постигна и втората победа на турнирот во германскиот град Дурен. Тој денеска во меч од второто коло на турнирот за играчи до 14 годии (кој е од Супер категорија) го совлада Паоло Каричио од Италија со 2-1 во сетови (46 63 75) за нешто помалку од 2 часа и 30 минути игра. Алексовски успеа да направи пресврт во мечот откако протовникот поведе со 1-0 во сетови, македонскиот тенисер ги доби следните два за конечни 2-1 и се избори за нов триумф.
Марко во следната рунда (трето коло) ќе игра против Рафа Гарсија Доменех од Шпанија, а денеска го очекува уште еден меч (најверојатно попладне) во конкуренција на двојки со Андрија Мартиновиќ од БиХ ќе играат против Итан Џејк Франс (Индонезија) и Сијун Ким (Кореја).
Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund, а е за играчи на негова возраст.