Ивановски избори четвртфинале во Куршумлијска Бања

July 31, 2025

Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пресврт стигна до победа во второто коло на М15 турнирот во Куршумлијска Бања и со тоа се избори за четвртфинале. Тој во денешиот меч го совлада српскиот тенисер Ѓорѓе Шапиќ со 2-1 во сетови (67(5) 61 61) за два часа игра.

Ивановски поведе со 3:0 во гемови во првиот сет, но противникот успеа да стигне до изедначување од 4:4, а сетот беше решен во тај брејк. Во решавачкиот гем на поени Шапиќ беше поуспешен со 7:5 и поведе со 1-0 во сетови. Во следниот сет Шапиќ поведе со 1:0 во гемови, но Ивановски направи серија од шест гема и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер поведе со 3:0, а Шапиќ успеа да освои само еден гем бидејќи Ивановски и третиот сет го доби со 6:1 во гемови како во вториот и со тоа оствари победа од 2-1 во сетови.

Во четвртфиналето утре Ивановски ќе игра против Свјатослав Гулин (прв носител), кој во втората рунда беше подобар од Диан Недев од Бугарија откако при резултат 6:2 и 4:1 Недев го предаде мечот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани