Ивановски запрен во четвртфиналето

August 1, 2025

Македонскиот тенисер Калин Ивановски турнирот во Куршумлијска Бања го заврши со пласман во четвртфиналето, откако денешниот меч против првиот носител Свјатослав Гулин го предаде поради повреда во вториот сет при резултат 1-0 во сетови за противникот и 3:1 во гемови во вториот сет.

Во првиот сет по 1:1 во гемови првиот носител Гулин направи серија од пет гема и го освои сетот со 6:1. Во вториот сет Ивановски поведе со 1:0 во гемови, но потоа Гулин имаше три гема за 3:1 и во петтиот гем по еден одигран поен Калин се повлече од мечот.

Ивановски и следната недела е пријавен за настап на турнир во Куршумлијска Бања.

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани