Месец август ќе биде во знак на младинскиот тенис од причина што четири турнири во конкуренција на тенисери и тенисерки ќе се одржат во Скопје, Македонија. Два од нив ќе бидат од рангот Ј60, додека два се од рангот Ј30.
Првиот турнир веќе стартуваше со квалификациите, а главниот дел почнува во понеделник 4.август и ќе трае до 10.август. Овој турнир е насловен како Ј60 Neocom Open 2025 и ќе се игра на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје. И вториот турнир е од истиот ранг Ј60 Jug Open 2025 и исто така се игра на ТК Југ од 11 до 17.август.
Следните два турнира се од рангот Ј30. Првиот или трет турнир стартува на 18. август и ќе трае до 24.август и се игра на ТК Југ – Inteko Open 2025. Последниот турнир стартува на 25.август и ќе се игра до 31.август и ќе се игра на терените на ТК Поинтер и е насловен Pointer Tennis Park Open 2025.
Сите четири турнири се одлична шанса за младите македонски тенисери на домашен терен да одиграат што е можно повеќе мечеви и секако да собрат повеќе поени и да добијат повеќе искуство.