Младиот македонски тенисер Марко Алексовски, кој е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund на убедлив начин стигна до втората победа на турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк. Тој во денешниот меч од второто коло го победа Андрија Мартиновиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (60 64). Ова е потврда на добрата форма на Алексовски, кој вчера во мечот од првото коло загуби само два гема.
Следен ривал на младиот македонски тенисер ќе му биде Луис Бернандо Саравиа од Португалија.
Инаку, Алексовски со Мартиновиќ од Бих настапуваа заедно во конкуренција на двојки и загубија во мечот од првото коло од Рајан Болџер од Нов Зеланд и Максим Сокол од Велика Британија со 2-1 во сетови (76 46 12-10 на поени).
Турнирот во Белгија е од категорија 1 за тенисери на возраст до 14 години.