Ѓорческа се избори за четвртфинале на турнирот во Србија

August 7, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Таа во мечот од второто коло денеска ја совлада Виторија Паганети од Италија со 2-0 во сетови (63 64) за 100 минути игра. Во четвртфиналето ривалка ќе и биде Ксенија Зајцева.

По водството од 1:0 за Ѓорческа во првиот сет Италијанката Паганети направи серија од 3-0 за водство од 3:1 во гемови, но Ѓорческа возврати со пет освоени гемови во низа и го доби првиот сет со 6:3 што значеше и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка постојано беше во предност, водеше со 2:0 и со 5:2 во гемови, а ја искористи првата меч топка во десеттиот гем за 6:4 во вториот сет и конечни 2-0.

Против утрешната противничка Зајцева која настапуваше и во квалификациите Ѓорческа има една победа во единствениот досега одигран меч.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани