Младиот македонски тенисер Марко Алековски е запрен во полуфиналето турнирот Young Champions Cup што се игра во белгискиот град Вилријк. Едноставно Марко остана на чекор до финалниот меч и борба за пехарот на турнирот. Поуспешен од него беше тенисерот од Тунис Лејт Бенасер кој оствари победа од 2-1. Првиот сет му припадна на Алексовски со 6:3 во гемови, но следните два ги доби противникот со 6:2 во гемови.
Турнирот е за играчи до 14 години, а Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund.
Алексовски пред овој турнир имаше настап и на турнир во Германија, а во периодот што следи ќе настапи и на два турнира во Шпанија како дел од тимот на ITF-Tennis Europe.