Ѓорческа се избори за полуфинале во Куршумлијска Бања

August 8, 2025

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Таа во денешното четвртфинале ја совлада Ксенија  Зајцева со 2-0 во сетови (61 62) за 94 минути игра. Македонската тенисерка ја постигна втората победа во вториот меѓусебен меч со Зајцева.

Во првиот сет противничката на Ѓорчевска поведе со 1:0 во гемови, но потоа следуваше серија од 6-0 за македонската тенисерка која дојде до водство од 1-0 во сетови.Во вториот сет македонската тенисерка имаше водство од 3:2, а потоа со уште една мини серија стигна до 6:2 во вториот сет и триумф од 2-0 во сетови.

Утре во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Дарја Астахова, против која има две победи во два меѓусебни меча досега, од кој едниот во полуфинале на турнир во Олимуц во Чешка.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани