Сигурен старт со еден загубен гем на Алексовски на турнирот во Шпанија

August 11, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски со убедлива победа го почна турнирот во Шпанија за играчи до 14 години од категорија 1. Тој на турнирот во Барселона во првата рунда оствари победа од 2-0 во сетови (61 60) против Бен Висел од Израел. Во следната рунда ќе игра со победникот од мечот меѓу Алваро Мартин од Шпанија и Мартин Адамца од Словачка.

За Алексовски ова е трет турнир во серија, а претходната недела беше полуфиналист на турнирот во Белгија. По завршувањето на овој турнир ќе има настап на уште еден турнир исто од категорија 1 во Шпанија.

Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани