Две победи за Алексовски на турнирот во Шпанија

August 13, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна две победи (една сингл и една дубл) на денешната програма на турнирот за играчи до 14 години што се игра во Барселона. Турнирот е од категорија 1 за играчи на оваа возраст, а Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund.

Тој во деншниот меч го победи Шпанецот Алваро Марин со 2-0 во сетови (64 61) и утре во меч од третата рунда ќе игра против уште еден шапнски тенисер Хозе Луис Вега Понс.

Во конкуренција на двојки Алексовски со Франциско Сардиња од Португалија се рангирани како први носители и во денешниот меч од второто коло остварија победа од 2-0 во сетови (63 63) против шпанските тенисери Оливер Марин Хран и Серхио Мартинез Васкез.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани