Ѓорческа сигурна во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања

August 15, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин стигна до пласман во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања. Таа во денешниот четвртфинале меч на противничката Аурора Ѕантедески од Италија и препушти само пет гема и оствари победа од 2-0 во сетови (64 61) за 80 минути.

Ѓорческа имаше сигурен почеток на мечот и поведе со 4:1 во гемови, но ривалката успеа да изедначи на 4:4. Сепак до крајот на сетот Лина ги доби двата гема, а девттиот беше решавачки и најдолг гем бидејќи по 10 одиграни поени македонската тенисерка поведе со 5:4, а сетот го доби со 6:4. Во вториот сет Ѓорческа имаше доминација и по водството од 3:0 во гемови, сетот го заврши со 6:1.

Во полуфиналето утре ќе игра против Ралука Шербан од Кипар (прва носителка), која со 2-0 во сетови (64 63) ја совлада Селена Јаничијевиќ од Франција.

Турнирот е од рангот W75 и се игра за награден фонд од 60.000 долари.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани