Алексовски продолжува со победите

August 21, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува со победите на турнирите на кои настапува како дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund, откако во текот на викендот го освои тунирот во Барселона, изминативе денови Марко постигна две победи на турнирот Давид Ферер што се игра во Аликанте, Шпанија.

Алексовски во првото коло на убедлив начин со само еден изгубен гем го совлада Александер Цош од Австрија со 2-0 во сетови (61 60), а вчера беше поуспешен од домашниот тенисер Пау Лозано Ортега со 2-1 во сетови. Првиот сет со 6:4 во гемови го освои Ортега, а следните два му припаднаа на Марко, кој повторно беше убедлив со само еден загубен гем – 6:1 (вториот) и 6:0 (третиот).

Денеска во меч од трето коло Алексовски за ривал го полскиот тенисер Јан Марсели Липка.

Турнирот во Аликанте е од катергорија 1 (за тенисери и тенисерки до 14 години) и е на исто ниво со турнирот кој Алексовски го освои изминатиов викенд, а претходно беше полуфиналист на турнир во Белгија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани