Ѓорческа убедливо до четвртфиналето

September 3, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда фаворитската улога во денешниот меч од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2-0 во сетови (62 60) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. Од тој момент до крајот на сетот македонската тенисерка направи серија од десет гемови.

Првиот сет го заврши со 6:2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Хрватска Луција Ќириќ Багариќ, која оствари победа денеска со 2-0 во сетови (62 63) против Миа Ристиќ од Србија. Во единствениот меч досега Ќириќ Багариќ постигна победа во финалниот меч на ИТФ турнирот во Аламинос Ларнака.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани