Стартна победа за Ѓорческа во Куршумлијска Бања

September 17, 2025

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи успешната серија откако попладнево во мечот од првото коло на W75 во Куршумлијска Бања постигна нова победа. Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2-0 во сетови (64 76(2) во меч што траеше 2 часа и 15 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.

Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3:3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4:3 за сетот да го заврши со 6:4 искористувајќи ја четвртата сет топка. Во вториот сет ривалката направи брејк за водство од 2:0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2:2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6:1 што и донесе нова победа.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани