Вчерашниот ден 20ти септември 2025 година го обележавме со одржување на Тенискиот фестивал за деца во Младинскиот Парк во Велес. Околу осумдесет дечиња на возраст од 5 до 12 години беа учесници на овој настан на кој преку серија забавни и едукативни активности имаа можност да се запознаат со основните движења во тенисот. Главната цел на фестивалот беше мотивација на младата популација да се насочи кон тенискиот спорт, да се развива нивната љубов кон физичката активност, а за активните млади играчи да се охрабрат да продолжат со редовно тренирање.
Изразуваме благодарност до тенискиот клуб домаќин на настанот ТК Борец, како и Општина Велес за поддршката при организација на овој настан. За дополнување на содржината и пријатната атмосфера, беа присутни и спонзорите на федерацијата. Благодарност до УНИ Банка – генералниот спонзор на ТФСМ и спонзорите Витаминка, Fashion Group, JEEP, Porta Inzenering,Triglav, MIDEA, Cunga Lunga, Пекабеско, Gorska.
До следно дружење, ТФСМ