Алексовски со два пехара од турнирот во Скадар

September 22, 2025

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски имаше успшене настап изминатава недела на турнирот „Shkodra Open“ во албанскиот град Скадар. Марко успеа да триумфира во двете конкуренции – сингл и двојки.

Во поединечна конкуренција Алексовски во финалето на убедлив начин со само два загубени гема го победи домашниот тенисер Денис Габа со 2-0 во сетови (62 60). Најмногу проблеми имаше во полуфиналето каде со поголема борба го совлада Иван Пјачура со 2-0 во сетови (75 76) со кого настапуваше и во конкуренција на двојки. Во првата рунда Алексовски како прв носител беше слободен, а оствари победи и против Џанмарко Мендола од Италија 2-0 во сетови (62 62), Василеиос Ликуресис од Грција 2-0 (63 61).

Во конкуренција на двојки заедно со Пјачура во финалето ги победија тенисерите од Грција Ликуресис и Танос Херопулос со 2-0 во сетови (61 76).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани