Алексовски и Сара Митевска дел од силни турнири

September 30, 2025

Младите македонски тенисери Марко Алексовски и Сара Митевска оваа недела имаа настап на два силни јуниорски турнири. Алексовски е дел од турнирот за тенисери до 14 години во Барселона од рангот Супер категорија. Во првото коло Алексовски оствари победа над Педро Френкел од Аргентина со 2-0 во сетови (60 75), а следн ривал ќе му биде Јонас Ваелти од Швајцарија.

Сара Митевска настапува на турнир за тенисерки до 16 години во Словачка од Категорија 1 и утре (среда) ја очекува меч од четвртфиналето против Ива Јерковиќ од Хрватска. Во првото коло македонска тенисерка беше слободна, а во второто коло постигна победа над Александра Лес од Полска со 2-0 во сетови (75 61), додека во мечот од третото колоја совлада Александра јаноскова од Словачка препуштајќи и само два гема 2-0 (61 61).

Митевска утре ја очекува и меч во полуфиналето во конкуреција на двојки. Таа заедно со Јерковиќ против која ќе игра против сингл во мечот во двојки во полуфиналето ќе настапат против првите носителки Ирина Чуклич од Украина и Ајана Миту од Романија.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани