Ѓорческа „запрена“ во второто коло на Челинџерот во Самсун

October 2, 2025

Македонската тенисерка не успеа да ја мине втората пречка на W125 турнирот што се игра во турскиот град Самсун. Таа денеска загуби од Софија Костулас од Белгија со 2-0 во сетови (61 64) за 81 минута.

Ривалката која е 165.та на ВТА листата во првиот сет ја потврди фаворитската улога (осма носителка) и го доби со 6:1 во гемови со два брејка. Во вториот сет Костулас направи брејк за водство од 2:1 во гемови и таа предност ја зачува до крајот на мечот.

Лина Ѓорческа за настапот во второто коло ќе освои 15 поени и парична награда од 2.000 долари.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани