Младиот македонски тенисер Алексеј Стојановски заедно со Максимилијан Хајцик од Германија завршија како победници на турнирот Скопје Опен за играчи до 14 години што пред изведен период се одигра на терените на ТК Југ. Стојановски и Хајцик во финалето беа убедливи и на доминантен начин ги победија Иван Трпковски и Марко Павловиќ.
На турнирот во поедниечна конкуренција од македонските тенисери најдобар резултат имаше Андреј Темов, кој со 2-1 во сетови беше поразен од Марко Павловиќ, кој пак турнирот го заврши како победник.
Кај девојчинања најдобар резултат оставија Ивана Божиновска и Деа Крстевска, кои турнирот во игра на двојки го завршија како полуфиналистки.