Изминатата сабота на 4ти октомври 2025 година на Плоштадот во Струмица се одржа 8миот по ред Тениски фестивал за деца. Преку 150 деца на возраст од 5 до 15 години беа учесници на овој настан на кој низ низа спортски активности имаа можност да се дружат и преку игра се запознаат со основите во тенисот.
Изразуваме благодарност до домаќинот ТК НЕТ Струмица и Општина Струмица за поддршката околу организацијата на овој настан. За дополнување на содржината и пријатната атмосфера беа присутни и спонзорите на федерацијата со свои изненадувања за најмладите. Благодарност до УНИ Банка – генерален спонзор на ТФСМ и спонзорите Витаминка, Fashion Group, JEEP, Porta Inzenering, Triglav, MIDEA, Cunga Lunga, Пекабеско и Горска.
До следно дружење, ТФСМ
повеќе фотографии во галеријата на веб страната