Младата македонска тенисерка Сара Митевска (15 години) имаше успешен настап во конкуренција на двојки на турнир од највисока категорија на јуниори Ј100 во Дубровник. Таа заедно со Каролина Смидова од Чешка по голема борба загубија во финалето од првите носителки Јулија Буцулел (Романија) и Ана Петковиќ (Хрватска). Македонско-чешката комбинација го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а во вториот беше 6:4 за противничките. Во решавачкиот сет на поени Буцулел и Петковиќ беа подобри со 10-4.
На патот до финалето Митевска и Смидова ги победија во полуфиналето Марта Добриќ (Хрватска) и Зоја Петернел (Словенија) со 2-0 во сетови (76(4) 64), во четвртфиналето ги победија Дариа Билјук (Украина) и Мирела Бермехо (Шпанија) со 2-0 во сетови (63 63) и во првото коло беа поуспешни од Мина Марковиќ и Верица Зрниќ (Србија) со 2-0 во сетови (63 63).
Во поединечна конкуренција Митевска беше совладана во првото коло од Билјук, која пак беше финалистка на турнирот.

