Пораз на Ѓорческа во втората рунда на турнирот во Словачка

November 20, 2025

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W50 ИТФ турнирот во Трнава. Таа денеска во меч од второто коло загуби со 2-0 во сетови (62 61) од Британката Амарни Бенкс.

Противничката имаше комплетна контрола во мечот, а во двата сета имаше по два брејка што и донесоа сигурен триумф.

Ѓорческа ја очекува настап на уште еден турнир следната недела во Трнава. Тој турнир е од повисок ранг W75 и наградниот фонд изнесува 60.000 долари.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани