Ѓорческа го заврши настапот на вториот фјучрс во Трнава

November 25, 2025

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со денешниот пораз го заврши настапот на W75 ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава. Македонската тенисерка е поразена во првото коло од Јурико Мијазаки со 2-0 во сетови (63 63) во првото коло.

Во првиот сет Мијазаки успеа да направи брејк на првиот гем на сервис на Ѓорческа и поведе со 3:0 во гемови, но македонската тенисерка ја врати неизвесноста во сетот откако намали на 3:2. Сепак тоа беше кусо бидејќи противничката повторно направи брејк и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет во четвртиот гем Лина не успеа да реализира три брејк топки за да ја зголеми предноста за да ја зголеми предноста, а потоа по 3:3 во гемови ривалката успеа да ги освои трите гема и сетот да го заврши со 6:3.

Турнирот е со награден фонд од 60.000 долари.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани