Професионален тенис – ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Tue, 25 Nov 2025 17:12:08 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.4 230687863 Ѓорческа го заврши настапот на вториот фјучрс во Трнава https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2588%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25be Tue, 25 Nov 2025 17:12:08 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12216

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со денешниот пораз го заврши настапот на W75 ИТФ турнирот во словачкиот град Трнава. Македонската тенисерка е поразена во првото коло од Јурико Мијазаки со 2-0 во сетови (63 63) во првото коло.

Во првиот сет Мијазаки успеа да направи брејк на првиот гем на сервис на Ѓорческа и поведе со 3:0 во гемови, но македонската тенисерка ја врати неизвесноста во сетот откако намали на 3:2. Сепак тоа беше кусо бидејќи противничката повторно направи брејк и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет во четвртиот гем Лина не успеа да реализира три брејк топки за да ја зголеми предноста за да ја зголеми предноста, а потоа по 3:3 во гемови ривалката успеа да ги освои трите гема и сетот да го заврши со 6:3.

Турнирот е со награден фонд од 60.000 долари.

]]>
12216
Пораз на Ѓорческа во втората рунда на турнирот во Словачка https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7-%d0%bd%d0%b0-%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%80%d1%83%d0%bd%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25bd%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582 Thu, 20 Nov 2025 16:27:39 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12183

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W50 ИТФ турнирот во Трнава. Таа денеска во меч од второто коло загуби со 2-0 во сетови (62 61) од Британката Амарни Бенкс.

Противничката имаше комплетна контрола во мечот, а во двата сета имаше по два брејка што и донесоа сигурен триумф.

Ѓорческа ја очекува настап на уште еден турнир следната недела во Трнава. Тој турнир е од повисок ранг W75 и наградниот фонд изнесува 60.000 долари.

]]>
12183
Ѓорческа „тргна“ со победа на турнирот во Трнава https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b3%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%80-2/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b3%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2580-2 Wed, 19 Nov 2025 20:43:49 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12181

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигирна победа го почна ИТФ турнирот во Трнава, Словачка. Таа во мечот од првото коло ја совлада тенисерката од Турција Ајла Аксу со 2-0 во сетови (62 64) за 77 минути игра. Во следното коло Ѓорческа ќе игра против Британката Амарни Бенкс, која во првата рунда ја победи Вероника Фалковска со 2-0 (63 61).

Вечерашниот меч македонската тенисерка го доби на убедлив начин. Во првиот сет по 1:0 во гемови за ривалката со два брејка направи серија од пет гема и поведе со 5.1, за сетот да го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатски беше понеизвесен и нерешен до 4:4 во гемови. Единствениот брејк Ѓорческа го направи во деветтиот гем, а потоа сетот го заврши со 6:4.

Македонската тенисерка на турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари е рангирана како четврта носителка.

]]>
12181
Ѓорческа не успеа да избори четвртфинале во Роверето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d1%84%d0%b8%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d1%2583%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b5%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd Wed, 22 Oct 2025 17:36:25 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12117

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во четвртфиналето на турнирот од WTA 125 Роверето Опен откако денеска загуби од шпанската тенисерка Алиона Болсова Задоинов со 2-1 во сетови (16 76 (2) 61). Македонската тенисерка за пласманот во второто коло ќе освои 15 поени и повторно ќе има скок на ВТА листата со пласман во Топ 200.

Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 1-0 во сетови добивајќи го сетот убедливо со 6:1 во гемови.

Мечот беше решен во вториот сет ривалката поведе со 4:1 во гемови, но Ѓорческа стогна до изедначување од 5:5, а сетот беше решен во тај брејкот и заврши со 7:2 на поени за Болсова Задионов. Во решавачкиот сет шпанската тенисерка имаше контрола над играта и резултатот и сетот го доби со 6:1 во гемови.

 

]]>
12117
Ѓорческа ја надигра четвртата носителка на ВТА 125 турнирот во Реверето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5 Mon, 20 Oct 2025 20:26:54 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12113

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето (награден фонд 115.000 долари) ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо. Таа оствари победа од 2-0 во сетови (64 и 63) за 76 минути игра. Бранкачио во моментов е на 151.место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата.

Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.

Во второто коло (среда) Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.

]]>
12113
Ѓорческа „запрена“ во второто коло на Челинџерот во Самсун https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be-%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25be-%25d0%25bd Thu, 02 Oct 2025 12:27:54 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12022

Македонската тенисерка не успеа да ја мине втората пречка на W125 турнирот што се игра во турскиот град Самсун. Таа денеска загуби од Софија Костулас од Белгија со 2-0 во сетови (61 64) за 81 минута.

Ривалката која е 165.та на ВТА листата во првиот сет ја потврди фаворитската улога (осма носителка) и го доби со 6:1 во гемови со два брејка. Во вториот сет Костулас направи брејк за водство од 2:1 во гемови и таа предност ја зачува до крајот на мечот.

Лина Ѓорческа за настапот во второто коло ќе освои 15 поени и парична награда од 2.000 долари.

]]>
12022
Ѓорческа ја совлада поранешната тенисерка број 1 Плишкова https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%88%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2598%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2588%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8 Wed, 01 Oct 2025 10:13:20 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12020

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (64 63) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен).

Македонската тенисерка со сигурна игра во текот на целиот меч заслужено ја запиша највредната победата во кариерата. Во првиот сет Плишкова направи брејк за водство од 2:1 во гемови, а по 4:2 за тенисерката од Чешка, Ѓорческа имаше серија од четири гема со два брејка за да го добие сетот со 6.4 во гемови. Во вториот сет единствениот брејк во четвртиот гем го направи Лина кога по 14 одиграни поени поведе со 3:1 во гемови и предноста од брејк ја зачува до крајот на сетот за 6:3 во гемови и конечни 2-0 во сетови.

Следна противничка во втортата рунда на македонската тенисерка ќе и биде Софија Костулас од Белгија, која денеска ја победи Вероника Фалковска од Полска со 2-0 во сетови (76(1) 64).

За Ѓорческа денеска останува уште еден меч. Во конкуренција на двојки со Чагла Бујукакчај од Турција треба да го завршат мечот од првото коло против словенечките тенсиерки Далила Јакупович и Ника Радишич. Словенечкиот дубл води со 1-0 во сетови, а во вториот сет резултатот е 1:1 во гемови. Мечот почна во понеделникот и беше прекинат поради дожд.

]]>
12020
Кипар противник на Македонија во Дејвис купот https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d0%b8%d0%bf%d0%b0%d1%80-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d1%98%d0%b2/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d0%25b8%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2580-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2598%25d0%25b2 Tue, 23 Sep 2025 11:06:30 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=11975

По успешниот настап оваа година и промоцијата во Втората Светска група од Дејвис купот, Македонија денеска го доби првиот ривал во ова натпреварување во 2026 година. Тоа е репрезентацијата на Кипар, која ќе биде домаќин. Термин за одигрување на мечевите е 6 и 7.февруари или 7 и 8.февруари 2026 година.

Македонскиот тим беше рангиран во групата на неносители, додека нашиот противник беше рангиран како 13.ти носител од исто толку тимови. Ова воедно ќе биде единствениот дуел на европски селекции.

Досега Македонија и Кипар имаат одиграно три мечеви и скорот е 2:1 во победи за Кипар. Сите мечеви досега беа одиграни како дел од Третата Евро-африканска зона.

ВТОРА СВЕТСКА ГРУПА

КИПАР – МАКЕДОНИЈА

НИГЕРИЈА – УЗБЕКИСТАН

РЕПУБЛИКА ИРСКА – СИРИЈА

ЈАМАЈКА – УРУГВАЈ

ПАКИСАТН – СЕНЕГАЛ

БАРБАДОС – БОЛИВИЈА

ДОМИНИКАНСКА РЕПУБЛИКА – ЛЕТОНИЈА

ГРУЗИЈА – БЕРМУНДА

ЈУЖНА АФРИКА – ЦРНА ГОРА

БЕНИН – ЕЛ САЛВАДОР

НАМИБИЈА – ЕСТОНИЈА

ИНДОНЕЗИЈА – ТОГО

ТАЈЛАНД – ПОРТОРИКО

]]>
11975
Ѓорческа поразена по голема борба во четвртфиналето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b1%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%87/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be-%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b1%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2587 Fri, 19 Sep 2025 15:49:54 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=11934

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Поуспешна од неа во неизвесен меч беше Лили Тагер од Австрија со 2:1 во сетови ( 6:3; 5:7; 7:6(7:5)). Мечот траеше 2 часа и 30 минути.  Ова е втора победа за тенисерката од Австрија во последните пет дена откако претхпдно исто во три сета ја победи Ѓорческа во финалето на турнирот во Букурешт.

Во првиот сет Тагер направи брејк и поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа успеа да се врати и да намали на 4:3. Но, сепак следните два гема и припаднаа на нејзината ривалка. Во вториот сет по 4:3 во гемови за Тагер, македонската тенисерка успеа да направи пресврт и гоп доби сетот со 7:5 и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет повторно младата Тагер беше во предност, а македонската тенисерка во десеттиот гем од сетот спаси меч топка, а потоа со брејк изедначи на 5:5. Сепак сетот и мечот беше решен во тај брејкот, а нијанси решија Тагер да го добие со 7:5 на поени.

Лина Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои 16 поени и на новото рангирање ќе биде рангирана под 200-то место.

]]>
11934
Ѓорческа рутински до четвртфиналето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%80%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%be-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2580%25d1%2583%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25be-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be Thu, 18 Sep 2025 14:42:10 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=11931

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа денеска на убедлив начин ја совлада Анастасија Золотарева со 2-0 во сетови (60 63) за 75 минути игра.

Првиот сет македонската тенисерка го доби на убедлив начин без противничката да и одземе гем. Во вториот сет Ѓорческа направи брејк во четвртиот гем и со тоа дојде до предност од 3:1, а потоа и со 4:1 и таа предност од три гема ја зачува да крајот на мечот.

Во четвртфиналето утре македонската тенисерка ќе игра против Лили Тагер од Австрија која со 2-0 (64 64) ја совлада Тена Лукас од Хрватска. Инаку, Ѓорческа и Тагер во неделата играа во финалето на турнирот во Букурешт, а победи Тагер со 2-1 во сетови.

]]>
11931