Судии – ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Thu, 27 Feb 2025 16:58:46 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.4 230687863 Анета Павловска на чекор до највисокото светско признание кај тениските судии https://www.mtftennis.mk/%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%b2%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b2%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2587%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2580-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25b2%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25ba%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25be Thu, 27 Feb 2025 16:50:50 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=10137

Посветеноста, работата и желбата за надоградување секогаш даваат резултат. Таков е примерот и со Анета Павловска од Битола, тениски судија која ги достигна најголемите височини во овој дел од тенискиот спорт. Од минатата недела Анета е во рангот на тениските судии, кои можат да судат мечеви на најголемите тениски турнири во светот – Грен слем, АТП и ВТА турнирите.
  • Среќна сум да споделам дека минатата недела во Париз се стекнав со бронзена значка и станав главен интернационален судија кој може да суди на Грен слем, АТП и ВТА турнири. Ова ме прави вториот судија од Македонија во историјата со овој ранг, по Климе Буловски од Охрид. Кога јас ја започнував својата судиска кариера, тој веќе престануваше да суди, така што немав многу можности да учам од него, но сепак беше добар пример кој вреди да се следи, истакна Павловска.

Полагањето беше во Париз, а за самиот чин на полагање како што вели самата на „нејзиниот“ Ролан Гарос беше уште нешто ќе се памети.

  • Се некако е поврзано со „градот на светлината“. Полагањето го завршив во Париз, на терените на Ролан Гарос – каде го судев и мојот прв Грен Слем и моето прво Грен Слем финале, а во Франција ја добив и мојата прва значка во 2016 година. Испитот траеше три дена и вклучуваше различни форми на тестирање – интеракции со предавачите, теоретски и практични тестови кои создаваа притисок, бидејќи симулираа реални ситуации во кои мораш да донесеш одлука за само неколку секунди, раскажува Анета.

За значењето и големината на постигнатиот успех новата судијка со бронзена значка напомнува.

  • Вакви судиски школи има една до две во текот на една година, а понекогаш и на неколку години, што го прави целиот процес уште покомплексен. Самата селекција за да бидеш примен не е случајна – мора да се помине низ неколку чекори. Прво, се полага приемен тест, а потоа се анализираат сите евалуации што ги добиваме како судии на секој турнир. Покрај тоа, матичната тениска федерација мора да даде одобрување и да потврди дека кандидатот е подготвен за следното ниво. Конечно, Интернационална тениска федерација (ITF) селектира околу 20 судии од Европа од приближно 300-400 пријавени кандидати.

Упорноста во работата како тениски судија за Анета даде резултат.

  • Кога започнав со судење, не можев ни да замислам дека еден ден ќе стигнам до ова ниво. Но, со постојано учење, надградување, судење на турнири на различни нивоа и стекнување искуство, постепено ги отворав вратите кон светскиот тенис. Ова достигнување е резултат на многу труд, посветеност и љубов кон тенисот. Сега, со бронзената значка, ме очекуваат нови предизвици, но и нови можности на најголемите тениски сцени во светот, заврши Павловска.

Од оваа година Анета како претставник на Македонија ќе ја гледаме и во ново издание, секако заедно со најдобрите тенисери и тенисерки од целиот свет.

ЧЕСТИТКИ И ОД НАС ЗА УСПЕХОТ НА АНЕТА

]]>
10137
Грузија и Тбилиси беа домаќини на Европската Конференција за судии https://www.mtftennis.mk/%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b7%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8-%d1%82%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%81%d0%b8-%d0%b1%d0%b5%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%9c%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b5%d0%b2%d1%80%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b3%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25b7%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b8-%25d1%2582%25d0%25b1%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b8-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bc%25d0%25b0%25d1%259c%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25be Thu, 05 Dec 2024 13:39:40 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9932

Европската конференција на тениски судии во Тбилиси, Грузија изминативе денови одржа Конференција на која присуства: 32 претставника од 25 држави членки на Tennis Europe. Македонската тениска федерација ја претставуваше претседателот на судиско – натпреварувачкиот комитет Антонио Радојничкиќ.

Меѓу говорниците беа: регионалниот претставник на ИТФ за Европа Иван Мартинез Баредо, судијката со Златна значка Ева Асдераки-Мур (ITF) и Дима Лајфман (Tennis Europe). Беа одржани работилници и неколку сесии со цел за размена на идеи и искуства меѓу претставниците од поголемите и помалите држави членки за подобрување на судењето и организацијата на туририте од сите нивоа.

Дводневната Конференција се покажа како суштински собир во поглед на сите елемнти кои го опфаќаат судењето на турнирите.

На Конференцијата беше потенцирана и активноста во делот на судењето од страна на Тениската федерација на Македонија во изминатиов период.

Грузија и Тбилиси за првпат ја имаа улогата на домаќин на еден ваков настан.

]]>
9932
Павловска се здоби со бела значка на ИТФ https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d0%b0%d0%b2%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b7%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2587%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d1%2582 Sat, 28 Sep 2024 09:00:14 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9706

Mакедонската судијка Анета Павловска изминатиов период го надогради својот ранг како тениски судија. Таа беше дел од Интернационалната тениска школа во Куршумлијска Бања, Србија, каде се одржуваше семинарот за тениски судии.

Предавачи на семинарот ни беа: Марјана Вељовиќ (златна значка) од Србија, Роберт Балмфорт од Англија и Иван Мартинез од Шпанија. Самото присуство на семинарот беше од огромно искуство за мене и во добра мерка ми помогна да го положам испитот за бела значка како рефери/супервизор, организиран од ITF. Со оваа значка можам да работам како супервизор на меѓународни турнири за јуниори, ветерани, тенис во количка и тенис на плажа, како и на фјучерси и професионални турнири од понизок ранг. Белата значка за судија на стол ја имам од 2016 година, положена во Франција. Тоа се две различни улоги потребни за организирање на еден професионален турнир. Ова беше голема привилегија за мене, дека добив можност да бидам дел од 16-те судии од Европа, избрани за ова училиште. Подготовките испитот траеја четири дена, а петтиот ден имавме испит, изјави Павловска.

За состојбата со тенискиот спорт и одделот за судење Павловска вели:

– Во Македонија има недостаток на супервизори, а имам несебична и постојана поддршка од Македонската тениска федерација, како и мојот ментор и пријател Зоран Марков (единствена бела значка за рефери/супервизор во Македонија досега).

Анета е постојано со случувањата во македонскиот тенис и постојано е дел од големите турнири, а ова е само уште една можност за поголемо присуство на Македонија, преку судискиот кадар да биде дел од големите тениски и спортски настани.

Моите следни амбиции се да се надградувам, да учам и да се пријавам за полагање на бронзената значка за судија на стол, со која би добила можност да работам како главен судија на поголемите турнири и Грен Слеми, заклучи Анета.

Успешниот пат на Павловска низ тениските „судиски води“ треба да биде мотив и за други судии од Македонија да чекорат по нејзините стапки.

Фотографии од семинарот во Куршумлијска Бања

]]>
9706
Анета Павловска: Си го живеам својот сон https://www.mtftennis.mk/%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%b2%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b8-%d0%b3%d0%be-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%b0%d0%bc-%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%be/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b8-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25b6%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25b0%25d0%25bc-%25d1%2581%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25be%25d1%2582-%25d1%2581%25d0%25be Fri, 26 Jul 2024 12:07:06 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9456

Присуството на најголемиот спортски собир во светот годинава Олимписките игри во Париз 2024 е секако голема чест, но воедно и привилегија, за оние кои добиваат покана да бидат дел од Игрите. Македонија на овој спортски настан има шест спортисти, но има и свои претставници во редовите на судиите. Една од нив е и нашата Анета Павловска, која ќе биде дел од тениските мечеви во Париз.

Павловска веќе неколку години е дел од најголемите тениски турнири во светот, а присутна е и турнирите кои последните години се одржуваат во Македонија.

  • Ова за мене ќе бидат уште едни Олимписки игри. Прво бев на Параолимписките игри во Рио 2016, а потоа и во Токио. Токму таму бев дел од судиите што го судеа финалето, односно мечот за златен медал, изјави Анета.

Павловска и на овие Игри кои ќе се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде дел од линските судии, иако на некои од турнирите знаеме да ја видиме и како судија на стол.

  • На Ролан Гарос сум „буквално како дома“. Таму сум од 2017 година, а минатата година го судев и финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд. Импресиите да се биде дел од вака голем спортски настан се огромни, бидејќи си го живеам својот сон, а честа е уште поголема особено сега не само што се претставувам лично, туку сум репрезент на градот Битола и државата Македонија на најголемиот спортски настан, надополни Анета.

Тенискиот турнир на Игрите во Париз ќе се одржува од 27.јули (првиот ден) до 4.август, а ќе се играат мечеви во поединечна конкуренција кај мажите и кај жените, мечеви во двојки кај мажите и кај жените и во мешани двојки.

Анета Павловска во родниот град Битола

Анета Павловска – Ролан Гарос

Анета Павловска – Летни Олимписки игри Токио

Анета Павловска – Вимблдон заедно со македонски судии

 

]]>
9456
Михаела Попова – нова бела значка меѓу судиите во македонскиот тенис https://www.mtftennis.mk/%d0%bc%d0%b8%d1%85%d0%b0%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d1%93/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2585%25d0%25b0%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2587%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2593 Thu, 28 Mar 2024 14:55:55 +0000 http://www.mtftennis.mk/?p=8472

Македонскиот тенис доби ново име меѓу судиите на стол. Михаела Попова (24 години) се стекна со статус судија на стол со бела значка. Со името на Михаела, Македонија сега има вкупно четири судии на стол, кои можат да одговорат на барањата на организаторите и да судат мечеви кои се организираат во Македонија, па и ширум светот.

Попова во периодот од 7-11.март годинава успешно го мина школото што се одржуваше во главниот град на Франција и се стекна со статусот бела значка – судија на стол. Михаела е најмлада од македонските судии, а покрај неа како судии на стол сè уште: Зоран Поповски, Анета Павловска и Душан Костадиновски.

  • Голема чест ми беше што бев избрана за оваа школа што се одржа во Париз. Мојата желба отсекогаш била да бидам судија на стол, да бидам дел со најдобрите, да судам мечеви на најдобрите. Дополнителен мотив за мене и за другите беше што овој настан се одржуваше на Ролан Гарос, место каде што играат и судат најпознатите. Во Париз имаше колеги од повеќе држави, а јас бев единствената од Македонија и од Балканот. Правам чекори напред, односно се движам кон посакуваната цел. Досега имам постигнато многу, но во иднина се надевам на поголеми успеси. Исто така изразувам  благодарност до Македонска тениска Федерација која ми овозможи да бидам дел од овој настан и ме поддржа за постигнување на мојот успех, изјави Михаела.

Попова е три години тениски судија, а тенис играла од својата 11. та година благодарение на нејзиниот повозрасен брат Душан, кој беше и тренер, а исто така поради него дојде и љубовта и да биде дел од судиите во тенисот.

 

]]>
8472