Тренери – ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Tue, 25 Nov 2025 09:49:59 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.4 230687863 Одржани два курса за тренери во организација на федерацијата https://www.mtftennis.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b2%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%b0%d0%bd%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b3%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8 Tue, 25 Nov 2025 09:49:59 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12203

Во период од 29ти октомври до 13ти ноември 2025 година, Тениската федерација на Македонија одржа два курса за тренери чиј домаќин беше Тенискиот клуб Мондано. Првиот курс „Играј тенис“ беше во траење од 4 дена, а вториот „Ниво 1“ во траење од 11 дена.

Првиот курсот беше реализиран по програмата на ИТФ и сите предавања во училница и на терен беа водени од страна на лиценцираниот тутор од ИТФ и ТФСМ, Димитар Лабудовиќ и асистентот Кристијан Вангелов кој воедно ја вршеше својата едукација за тутор. Кандидатите вкупно 26 (10 жени – 16 мажи) можеа да се стекнат со знаења за: комуникација, стратегија и тактика, развој на техника, организација на турнири, методи на учење, видови тренинг, додавање и развој на вештини за прием и вештини за испраќање.

Кандидатите беа оценувани неформално за време на целиот курс и формално низ три теста: играчка способност, држење групен тренинг и писмен тест. На курсот беа идентификувани 6-8 тренери кои би можеле да бидат кандидати за Ниво 1 (CBI course).

На курсот присуствуваа и осум кандидатки кои се дел од проектот Ас за еднаквост, кој е во соработка со МОК и со финансиска поддршка на Европската Унија за промоција на родовата еднаквост во спортот кои добија бесплатна обука и лиценца додека две кандидатки добија бесплатна лиценца.

Вториот курс кој траеше 11 дена го посетуваа 19 кандидати, а двајца тренери кои се едуцирани по стариот систем на ИТФ беа обврзани да направат прилагодување на едукација. Презентациите се држеа согласно препораките за држење тренажен процес на ТФСМ како и препораките на ИТФ за организација на семинари.

Согласно правилата на ИТФ курсот го водеа двајца тутори (Горан Шевченко и Димитар Лабудовиќ), додека Кристијан Вангелов за прв пат е вклучен во курсот како вовед во неговата едукација за тутор која треба да трае неколку години.

На курсот се работеа теми: улогата на тренерот, потсетување на темите од Play Tennis,
 стратегија и тактика,
 донесување одлука и геометрија на терен, комуникација,
 развој на техника, 
биомеханика и движење,
 додавање,
 анализа и подобрување на тактика и техника,
 елементи на групен и индивидуален тренинг, стекнување вештини, игра во двојки, физичка и психолошка подготовка.

Кандидатите беа оценувани неформално за време на целиот курс и формално низ тестови за: играчка способност, држење тренинг (групен и индивидуален) и писмен тест (според новите правила тестот се одржува online на платформата ITF Academy).

Тренерите кои не положија една или повеќе компетенции ќе можат за истото да го повторат тестот по договор со туторите во тек на 2026 но не пред истекот на 3-6 месеци.

Сите тренери кои ги положија сите задачи и тестови се стекнаа со меѓународно признаен сертификат.

Двата курса беа реализирани со предавање во училница, како и практични вежби на терен, а на курсот обраќање имаше и Сашо Делиниколов, претседателот на тренерскиот комитет при федерацијата и поранешен капитен на Дејвис куп репрезентацијата.

]]>
12203
Тања Стојановска се здоби со тренерска лиценца за ИТФ ниво 3 https://www.mtftennis.mk/%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d1%81%d0%ba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b7%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25ba Thu, 16 Oct 2025 13:43:46 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12104

Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое е највисокото тренерско ниво во тенисот кое го издава Светската тениска федерација. Стојановска изминатиот период активно работеше особено што курсот имаше два дела теоретски (се следеше on-line) и практично со тренинзи, а овој дел се одржуваше и во Валенсија.

Курсот подразбира во првиот дел планирање, био-механика, тактика, физички и психолошки тренинг, додека во Валенсија имаше работа со играчи од највисок ранг.

Полагањето на теоретскиот дел беше (on line), а потоа во Валенсија имаше и парктичен дел. Воедно Стојановска е петти тренер од Македонија со највисоко тренерско ниво кое го има ИТФ. Пред неа оваа лиценца ја имаат: Чедомир Јовановски, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ, Горан Шевченко. Воедно таа е првата жена тренер во Македонија со оваа лиценца.

 –  Најпрво би сакала искрено да им се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој курс. Поддршката, насоките и охрабрувањето од менторите, организаторите и останатите учесници одиграа клучна улога во тоа ова искуство да биде значајно и успешно за мене. Беше навистина уникатно да се биде дел од средина за учење каде што можев отворено да ја споделам и дискутирам мојата приказна како тениски тренер. Размената на идеи и искуства со луѓе кои се исто толку посветени на спортот ми помогна да стекнам нови сознанија и да го проширам моето разбирање за тоа како учиме, подучуваме и напредуваме во тенисот. Овој курс имаше длабоко влијание врз мене, и професионално и лично. Ми го продлабочи разбирањето за начинот на тренирање тенис, не само во однос на одделните аспекти од играта, туку и во тоа како подобро да ги поддржам и насочам играчите. Се чувствувам како поефективен тренер, со нови цели. Искуството ми отвори нови можности за развој и учење. Навистина сум благодарна за оваа шанса и за позитивното влијание што го имаше врз мојот раст како тренер и како личност, изјави Стојановска.

Проектот е поддржан од Интернационалната олимписка солидарност, преку Македонскиот Олимписки Комитет и преку ИТФ Светска федерација во координација со Тениската Федерација на Македонија.

]]>
12104
Курс за тренери за Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-1-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-1-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf Tue, 07 Oct 2025 07:43:32 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12100

Почитувани клубови и тренери,

Од 02 до 11 Ноември 2025, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидат:

Горан Шевченко – ITF Тутор

Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани кои веќе имаат Ниво Играј Тенис, можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 22 Октомври 2025. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 3000 денари и 10000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2025, курс од ниво 1 и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.12.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види на Правилник на тренерскиот комитет и тениските тренери:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf

Со почит, ТФСМ

]]>
12100
Курс за тренери за ниво Играј Тенис (Play Tennis Course) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%98-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81-play-tennis-course/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2598-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581-play-tennis-course Tue, 07 Oct 2025 07:41:36 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12097

Почитувани клубови и тренери,

Од 29 до 31 Октомври 2025, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидe: Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 2Октомври 2025. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 5500 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за тренери за 2025, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.12.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види во Правилникот на тренерскиот комитет и тениските тренери:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf

По завршување на курсот селектираните кандидати ќе можат да посетуваат курс од Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери) кој ќе се организира во периодот од 02 до 11 Ноември 2025 година.

За цената на курсот кандидатите можат да се информираат на следниот линк.

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Со почит,

ТФСМ

]]>
12097
Конкурс за стручни лица и физиотерапевт – Спортска Академија https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d1%87%d0%bd%d0%b8-%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b8-%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b0%d0%bf%d0%b5/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2580%25d1%2583%25d1%2587%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b0-%25d0%25b8-%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bf%25d0%25b5 Thu, 10 Jul 2025 14:34:06 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=11572

Конкурс за стручни лица и физиотерапевт кои ќе работат во Спортска Академија во учебната 2025/2026

Врз основа на член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебните критериуми за тренери на ученици во спортска академија, Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) распишува:

 

КОНКУРС

за стручни лица и физиотерапевт кои ќе работат во Спортска Академија

Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), објавува конкурс за стручни лица (Стручен тим) и физиотерапевт кои ќе работат со селектираните тенисери за учебнaтa 2025/2026 година во Спортската Академија. Кандидатите конкурираат за место:

  1. Четворица (4) Тениски тренери
  2. Еден (1) Физиотерапевт

Општи и посебни критериуми кои треба да ги исполнуваат кандидатите за тренери и физиотерапевт на учениците за тенис во Спортската академија во Скопје:

А. ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ

–       да има завршено најмалку више образование во областа на спортот или стекнато лиценци добиени од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ИТФ);

–      со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

–      да поседува ниво на тренерска едукација кое се докажува со сертификат од Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ) или друг тренерски сертификат/лиценца кој-а е верифициран/а од Тренерскиот комитет при Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);

–      да има најмалку три години работно искуство (во редовен работен однос или по договор за дело во клуб-ови членки на ТФСМ или да е на позиција во стручните комитети во ТФСМ) со врвни јуниори на возраст од 12 до 18 години или професионални играчи над 18 години, кое се докажува со потврдата издадена од клубот со кој има склучено договор за редовен работен однос или по договор за стручно ангажирање. Клубот кој ја издава потврдата мора да е член  на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ);

–       да поседува лиценца за тренер за 2026 година од Тениска Федерација на Северна Македонија;

–      да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;

–      да има постигнати резултати во неговата професионална кариера, односно освоено првенство, куп или настап во евро куповите.

Б. ФИЗИОТЕРАПЕВТ

–      да има завршено најмалку вишо образование за физиотерапевт и

–      со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Потребни документи за кандидатите кои ќе конкурираат:

ТЕНИСКИ ТРЕНЕРИ

  • биографија/ЦВ
  • приложена диплома за завршено најмалку вишо образование во областа на спортот или сертификат за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ITF)
  • приложен соодветен сертификат за тениско образование или потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за ниво на едукација доколку сертификатот е во фаза на изготвување. Сертификатот за лиценца добиена од соодветна меѓународна спортска асоцијација (ITF) се признава како национален сертификат
  • потврда дека нема забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централен Регистар
  • потврди за работно искуство од матичен клуб и потврда за работно искуство од Тениска Федерација на Северна Македонија
  • потврда дека е лиценциран со уплатница за платена лиценца за 2026 година
  • диплома за остварен пласман како потврда од Тениска Федерација на Северна Македонија за постигнати резултати

ФИЗИОТЕРАПЕВТ

  • биографија/ЦВ
  • диплома или уверение за стекнување назив физиотерапевт
  • потврда дека нема забрана за вршење на професија, дејност или должност од Централен Регистар

Начин на избор: 

  • Изборот на членовите од стручниот тим ќе го врши комисија оформена од Управниот Одбор на ТФСМ
  • Одлуката за тоа кои кандидати се примени ќе биде објавена на веб страната на ТФСМ

Кандидатите се должни да ги достават потребните документи, најдоцна до четврток17.07.2025 година до 12 часот, како би можела комисијата да постапи по доставените документи. Документите скенирани (еден фајл) се доставуваат на е-маил адресата: contact@tfsm.mk, во рамките на рокот.

За сите останати информации Ве молиме да не контактирате на Е-маил адресата: contact@tfsm.mk

Тениска Федерација на Северна Македонијa

]]>
11572
Стојановска и Шевченко беа дел од Регионалната конференција на Кипар https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8-%d1%88%d0%b5%d0%b2%d1%87%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%be-%d0%b1%d0%b5%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b8-%25d1%2588%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2587%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25ba%25d0%25be-%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b3%25d0%25b8 Sat, 09 Nov 2024 11:22:03 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9850

Изминатиов период во организација Tennis Europe и ITF се одржа Регионална конференција на тренери во Аја Напа на Кипар. На Конференцијата присуствува и активни беа повеќе од 100 тренери од 30 држави од Европа, а македонски претставници беа Горан Шевченко, спортски дирeктор и Тања Стојановска, помошник јуниорски капитен.

Шевченко беше на покана на организаторите Tennis Europe и ITF и имаше излагања на две теми. Првата беше развојот и активностите во македонскиот тенис, во изминатиов период и активности кои следуваат, додека втората тема беше работа со тенисерки под 14 години, кои се меѓу најдобрите во својата генерација. Стојановска имаше десетминутно излагање на тема тениски фестивал.

На Конференцијата се обратија и Маркос Багдатис од Кипар и Ернест Гулбис од Летонија, двајцата тенисери кои во својата професионална кариера беа во ТОП 10. Багдатис беше финалист на Австралија Опен 2006, додека Гулбис играше во полуфиналето на Ролан Гарос 2014. Двајцата зборуваа за својот развоен пат, од почетоците, па до професионалната кариера. Конференцијата беше успешно организирана, а присутните меѓудруго разменија искуства од своите држави со цел напредок на младите тенисери во двете категории.

]]>
9850
Во Скопје одржан курс за Play Tennis https://www.mtftennis.mk/%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5-%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-play-tennis/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf%25d1%2598%25d0%25b5-%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25bd-%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-play-tennis Sat, 02 Nov 2024 08:45:53 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9816

Во организација на Тениската федерација на Македонија изминативе денови се одржа курс за тренери на ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот беше организиран според програмата на ТФСМ и на Интернационалната Тениска федерација (ITF).
Kурсот го следеа 8 кандидати, а по завршувањето на курсот кандидатите успешно го минаа и тестирањето и добиените задачи и со тоа се стекнаа со потребниот сертификат, кој е признаен од ТФСМ и од ITF.
Тутор на курсот беше Димитар Лабудовиќ – ITF тутор за Play tennis, воедно и селектор на женската ФЕД куп репрезентација на Македонија.

]]>
9816
Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%98-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81-play-tennis-course/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2598-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581-play-tennis-course Fri, 11 Oct 2024 08:57:47 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9749

Почитувани клубови и тренери,

Од 28 до 31 октомври 2024, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.

Тутор на курсот ќе бидe:

Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 22 Октомври 2024 до 12 часот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 25 Октомври 2024 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2000 денари и 5000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2024, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/13.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/15.pdf

Со почит,

ТФСМ

]]>
9749
Одржан првиот дел од Курсот за тренери ниво 2 https://www.mtftennis.mk/%d0%be%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b5%d0%bb-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25be%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25bd-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bb-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8 Thu, 10 Oct 2024 19:06:57 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9743

Изминативе четири дена во Скопје во организација на ТФСМ се одржа првиот дел од Курсот за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course). Курсот е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). Девет тренери го посетуваа првиот дел од курсот, додека вториот дел што ќе биде со времетраење од седум дена ќе се одржи во ноември. Тутор на курсот е Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2.

Активностите со курсот се составен дел од активностите на македонската тениска федерација. Нашиот едукативен систем е признаен на бронзено ниво.

По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF.

]]>
9743
Курс за тренери од Ниво 2 https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-2/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-2 Wed, 25 Sep 2024 08:57:30 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=9691

Во месец октомври и ноември 2024 во два дела, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од Ниво 2 (Coaching Advanced players course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) и по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Првиот дел од курсот ќе започне на  7 Oктомври 2024. Местото на одржување ќе биде накнадно објавено.

Тутор на курсот ќе бидe:

Горан Шевченко – ITF Тутор за Play Tennis, Ниво 1 и Ниво 2

Право на пријава имаат сите тренери кои веќе го имаат поминато Ниво 1 (Coaching Beginner and Intermediate players course) курсот а кандидатите ќе бидат прифатени согласно резултатите од Ниво 1 курсот. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 16 кандидати а рокот на пријава е: 1 Октомври 2024 до 12 часот, на следниот e-mail contact@tfsm.mk, за сите останати информации можете да се обратите на 070233243. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 4 Октомври 2024 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300 000 000 981 676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Сите избрани тренери треба да уплатат годишна лиценца од 3000 денари и 13000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2024, курс од Ниво 2, и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/13.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2024/01/15.pdf

Со почит,

ТФСМ

]]>
9691