ТФСМ https://www.mtftennis.mk Тениска Федерација на Македонија Mon, 27 Oct 2025 12:28:27 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.4 230687863 Двојна победа на Алексовски во Подгорица https://www.mtftennis.mk/%d0%b4%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2580 Mon, 27 Oct 2025 12:28:27 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12122

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски уште еден турнир во младинска конкуренција го заврши со два пехара. Тој на турнирот за играчи до 16 години „Подгорица Универзал Капитал Куп“ триумфираше во двете конкуренции (сингл и двојки). На овој начин Алексовски ја потврди и фаворитската улога прв носител во сингл.

Марко во финалето во поединечна конкуренција го совлада со 2-0 во сетови (64 61) вториот носител Оливер Крупа од Полска. Сепак најтежок ривал му беше Србинот Лука Костиќ во полуфиналето. Тој против четвртиот носител Костиќ одигра три сета и со пресврт стигна до победата добивајќи ги двата тај брејка 2-1 (26 76 76). Во првите две рунди ги совлада Брендон Хас од Австралија 2-0 (41 40) и четвртфинале Петар Станковиќ (Црна Гора) 2-0 (41 41).

Во конкуренција на двојки Алексовски турнирот го заврши како победник заедно со Русинот Сергеј Артемев. Тие не одиграа финален меч бидејќи противниците (Јон Бунткер (Германија) – Вукашин Павловиќ (Србија) поради повреда го предадоа мечот. Но, во полуфиналето успеаја да ги совладаат првите носители Костиќ и Крупа со 2-0 во сетови (53 41).

]]>
12122
Ѓорческа не успеа да избори четвртфинале во Роверето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d1%84%d0%b8%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d1%2583%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b5%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd Wed, 22 Oct 2025 17:36:25 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12117

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во четвртфиналето на турнирот од WTA 125 Роверето Опен откако денеска загуби од шпанската тенисерка Алиона Болсова Задоинов со 2-1 во сетови (16 76 (2) 61). Македонската тенисерка за пласманот во второто коло ќе освои 15 поени и повторно ќе има скок на ВТА листата со пласман во Топ 200.

Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 1-0 во сетови добивајќи го сетот убедливо со 6:1 во гемови.

Мечот беше решен во вториот сет ривалката поведе со 4:1 во гемови, но Ѓорческа стогна до изедначување од 5:5, а сетот беше решен во тај брејкот и заврши со 7:2 на поени за Болсова Задионов. Во решавачкиот сет шпанската тенисерка имаше контрола над играта и резултатот и сетот го доби со 6:1 во гемови.

 

]]>
12117
Ѓорческа ја надигра четвртата носителка на ВТА 125 турнирот во Реверето https://www.mtftennis.mk/%d1%93%d0%be%d1%80%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2593%25d0%25be%25d1%2580%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5 Mon, 20 Oct 2025 20:26:54 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12113

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето (награден фонд 115.000 долари) ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо. Таа оствари победа од 2-0 во сетови (64 и 63) за 76 минути игра. Бранкачио во моментов е на 151.место на ВТА листата што е нејзин најдобар ранг во кариерата.

Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.

Во второто коло (среда) Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.

]]>
12113
Курс за тренери – Ниво Играј тенис (Play Tennis – ITF certified) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%98-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81-play-tennis-itf-certified/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2598-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581-play-tennis-itf-certified Fri, 17 Oct 2025 10:31:59 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12110

Почитувани клубови и тренери,

Ве инфомираме дека Тениската федерација е во фаза на припреми за организација на Курсеви за тренери Играј тенис и Ниво 1.

*Од 29 до 31 Октомври 2025, ќе се одржи Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидe: Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, најкасно до 22 Октомври 2025. Минималната бројка е 12, а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 5500 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за тренери за 2025, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

***првите пријавени 8 КАНДИДАТКИ на курсот за ниво Играј тенис, во согласност со проектот на ТФСМ за родова еднаквост во спортот (поддржан од ЕУ и МОК – Фер Игра), ќе бидат ослободени од трошоци за годишна лиценца и котизација за учество на курсот!

]]>
12110
Тања Стојановска се здоби со тренерска лиценца за ИТФ ниво 3 https://www.mtftennis.mk/%d1%82%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d1%81%d0%ba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25b7%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d1%2581%25d0%25ba Thu, 16 Oct 2025 13:43:46 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12104

Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое е највисокото тренерско ниво во тенисот кое го издава Светската тениска федерација. Стојановска изминатиот период активно работеше особено што курсот имаше два дела теоретски (се следеше on-line) и практично со тренинзи, а овој дел се одржуваше и во Валенсија.

Курсот подразбира во првиот дел планирање, био-механика, тактика, физички и психолошки тренинг, додека во Валенсија имаше работа со играчи од највисок ранг.

Полагањето на теоретскиот дел беше (on line), а потоа во Валенсија имаше и парктичен дел. Воедно Стојановска е петти тренер од Македонија со највисоко тренерско ниво кое го има ИТФ. Пред неа оваа лиценца ја имаат: Чедомир Јовановски, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ, Горан Шевченко. Воедно таа е првата жена тренер во Македонија со оваа лиценца.

 –  Најпрво би сакала искрено да им се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој курс. Поддршката, насоките и охрабрувањето од менторите, организаторите и останатите учесници одиграа клучна улога во тоа ова искуство да биде значајно и успешно за мене. Беше навистина уникатно да се биде дел од средина за учење каде што можев отворено да ја споделам и дискутирам мојата приказна како тениски тренер. Размената на идеи и искуства со луѓе кои се исто толку посветени на спортот ми помогна да стекнам нови сознанија и да го проширам моето разбирање за тоа како учиме, подучуваме и напредуваме во тенисот. Овој курс имаше длабоко влијание врз мене, и професионално и лично. Ми го продлабочи разбирањето за начинот на тренирање тенис, не само во однос на одделните аспекти од играта, туку и во тоа како подобро да ги поддржам и насочам играчите. Се чувствувам како поефективен тренер, со нови цели. Искуството ми отвори нови можности за развој и учење. Навистина сум благодарна за оваа шанса и за позитивното влијание што го имаше врз мојот раст како тренер и како личност, изјави Стојановска.

Проектот е поддржан од Интернационалната олимписка солидарност, преку Македонскиот Олимписки Комитет и преку ИТФ Светска федерација во координација со Тениската Федерација на Македонија.

]]>
12104
Курс за тренери за Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-1-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-1-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf Tue, 07 Oct 2025 07:43:32 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12100

Почитувани клубови и тренери,

Од 02 до 11 Ноември 2025, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидат:

Горан Шевченко – ITF Тутор

Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани кои веќе имаат Ниво Играј Тенис, можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 22 Октомври 2025. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 3000 денари и 10000 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за 2025, курс од ниво 1 и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.12.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види на Правилник на тренерскиот комитет и тениските тренери:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf

Со почит, ТФСМ

]]>
12100
Курс за тренери за ниво Играј Тенис (Play Tennis Course) https://www.mtftennis.mk/%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b8%d0%b2%d0%be-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%98-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81-play-tennis-course/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25ba%25d1%2583%25d1%2580%25d1%2581-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2582%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d0%25b3%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2598-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581-play-tennis-course Tue, 07 Oct 2025 07:41:36 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12097

Почитувани клубови и тренери,

Од 29 до 31 Октомври 2025, ТФСМ планира организација на Курс за тренери од ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот е во организација на Тениската Федерација на Македонија (ТФСМ) а е по програма на Интернационалната Тениска Федерација (ITF). По завршување на овој курс кандидатите кои ќе ги положат сите тестови и задачи ќе добијат ITF сертификат кој е признаен од ТФСМ и од ITF. Местото на одржување ќе биде дополнително објавено.

Тутор на курсот ќе бидe: Димитар Лабудовиќ – ITF Тутор за Play Tennis

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот e-mail contact@tfsm.mk, а рокот на пријава е 2Октомври 2025. Минималната бројка е 12 а максималната бројка на пријавени е 24 кандидати. Во пријавата која треба да биде во форма на e-mail треба да го наведете името и презимето на кандидатот, мобилен број и e-mail адреса.

Прифатените кандидати треба да извршат уплата до 24 Октомври 2025 година согласно информацијата подолу на следната Жиро сметка: 300000000981676, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје.

Кандидатите треба да уплатат годишна лиценца од 2500 денари и 5500 денари за посетување на курс согласно одлуките на ТФСМ. Назнака за уплата: Лиценца за тренери за 2025, курс од ниво Играј Тенис и име и презиме на кандидатот;

Одлука за годишна лиценца:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.12.pdf

Одлука за посетување курс:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Сите информации за тренерската едукација која ја извршува Тениската Федерација на Македонија може да се види во Правилникот на тренерскиот комитет и тениските тренери:

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/cfiles/Konecen-Trenerski%20pravilnik.pdf

По завршување на курсот селектираните кандидати ќе можат да посетуваат курс од Ниво 1 (тренирање на почетници и средно ниво на тенисери) кој ќе се организира во периодот од 02 до 11 Ноември 2025 година.

За цената на курсот кандидатите можат да се информираат на следниот линк.

https://www.mtftennis.mk/wp-content/uploads/2025/02/Odluka-br.13.pdf

Со почит,

ТФСМ

]]>
12097
Преку 150 деца учесници на Тенискиот Фестивал во Струмица https://www.mtftennis.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%83-150-%d0%b4%d0%b5%d1%86%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%84%d0%b5%d1%81/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2583-150-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d1%2586%25d0%25b0-%25d1%2583%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d1%2584%25d0%25b5%25d1%2581 Mon, 06 Oct 2025 06:37:55 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12089

Изминатата сабота на 4ти октомври 2025 година на Плоштадот во Струмица се одржа 8миот по ред Тениски фестивал за деца. Преку 150 деца на возраст од 5 до 15 години беа учесници на овој настан на кој низ низа спортски активности имаа можност да се дружат и преку игра се запознаат со основите во тенисот.

Изразуваме благодарност до домаќинот ТК НЕТ Струмица и Општина Струмица за поддршката околу организацијата на овој настан. За дополнување на содржината и пријатната атмосфера беа присутни и спонзорите на федерацијата со свои изненадувања за најмладите. Благодарност до УНИ Банка – генерален спонзор на ТФСМ и спонзорите Витаминка, Fashion Group, JEEP, Porta Inzenering, Triglav, MIDEA, Cunga Lunga, Пекабеско и Горска.

До следно дружење, ТФСМ

              

 

повеќе фотографии во галеријата на веб страната

]]>
12089
Сара Митевска и Марко Алексовски го завршија настапот на силните јуниорски турнири https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%be-%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d0%be-%d0%b7%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b8-%25d0%25bc%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25be-%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0 Thu, 02 Oct 2025 15:13:57 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12029

Двајцата млади македонските тенисери кои оваа недела настапуваат на силни турнири го завршија својот настап. Сара Митевска на турнирот во Словачка, во градот Хумене (за тенисерки до 16 години) имаше забележителен настап во двете конкуренции. Во поединечна конкуренција загуби од Ива Јерковиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (61 64), а нејзината ривалка успеа да се избори и за финале на турнирот. Турнирот е рангиран од категорија 1.

Во конкуренција на двојки заедно со Јерковиќ беа поразени од Ирма Чуклич (Украина) и Ајана Миту (Романија), кои пак триумфираа на турнирот во двојки.

Марко Алексовски својот настап на World Tec Cup во Барселона настапот го заврши во третата рунда. Тој беше поразен од Јонас Ваелти од Швајцарија со 2-0 во сетови (76 61). Турнирот во Барселона е рангиран од Суперкатегорија (најсилната во јунирскиот тенис).

]]>
12029
Стојановски победик во двојки на Скопје Опен https://www.mtftennis.mk/%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%ba-%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25ba-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b4%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bf Thu, 02 Oct 2025 14:58:15 +0000 https://www.mtftennis.mk/?p=12024

Младиот македонски тенисер Алексеј Стојановски заедно со Максимилијан Хајцик од Германија завршија како победници на турнирот Скопје Опен за играчи до 14 години што пред изведен период се одигра на терените на ТК Југ. Стојановски и Хајцик во финалето беа убедливи и на доминантен начин ги победија Иван Трпковски и Марко Павловиќ.

На турнирот во поедниечна конкуренција од македонските тенисери најдобар резултат имаше Андреј Темов, кој со 2-1 во сетови беше поразен од Марко Павловиќ, кој пак турнирот го заврши како победник.

Кај девојчинања најдобар резултат оставија Ивана Божиновска и Деа Крстевска, кои турнирот во игра на двојки го завршија како полуфиналистки.

]]>
12024