Јуниорски тенис VIP Вести

Алексовски двоен победник на Црна Река Опен 2026

19.06.2026

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (прв носител) на убедлив начин го одигра турнирот во Кавадарци „Црна Река Опен 2026“ и триумфираше и во сингл и во двојки. Турнирот беше од категорија 3 за тенисери и тенисерки до 16 години.

Во финалето Алексовски го совлада Николај Петерсен од Данска, втор носител со 2-0 во сетови (63 62). Најтешкиот меч македонскиот тенисер го одигра во второто коло против Џери Куцојоргос од Грција и успеа да го совлада со пресврт 2-1 во сетови, откако ривалот го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а Марко возврати со истиот резултат во вториот сет, додека во решавачкиот беше 7:5 за Алексовски.

Во четвртфиналето совладан беше Никола Павлов од Бугарија со 2-0 во сетови (63 62), а во полуфиналето Лазаре Сутијашвили од Грузија со 2-0 во сетови (62 62).

Во игра на двојки Алексовски и Петерсен во финалето ги победија Џери Куцојоргос и Космас Дракос од Грција со 2-0 во сетови (62 76(7).

На турнирот настапија уште неколку наши тенисери и тенисерки, a четвртфинале играа: Деа Крстевска и Анастасија Арсовска кај девојчињата и Селим Јилдиз кај момчињата.

Инаку, Алексовски кон крајот на месец мај беше полуфиналист во сингл и двојки на турнир од категорија 1 во Италија (Толентино).

Следниот тениски турнир во Македонија ќе биде ИТФ фјучрсот во Скопје од 29.јуни до 5.јули.