VIP Вести Репрезентативен настап

Дејвис куп: Ивановски со победа донесе водство за Македонија

13.06.2026

Македонија поведе со 1-0 во мечот против Црна Гора откако во првиот сингл меч Калин Ивановски го победи Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (62 64) за 100 минути игра.

Ивановски во мечот имаше 5 ас сервиси, а реализираше и четири брејк топки, додека во вкупниот број поени беше 68:53 за македонскиот тенисер.

Во првиот сет Ивановски направи два брејка во третиот и седмиот гем и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Во вториот сет имаше повеќе неизвесност. Ивановски направи брејк повторно во третиот гем за 2:1, но Кнежевиќ во следниот гем го врати брејкот и изедначи на 2:2. Тенисерот од Црна Гора имаше водство од 4:3, кога Ивановски направи серија од три гема со еден брејк (деветти гем) за освојување на сетот со 6:4 и победа за Македонија.

Во вториот сингл меч што треба да почне наскоро ќе играат Олег Приходко и Петар Јовановиќ, а потоа следува мечот во двојки.

Фото: Тениска федерација Молдавија