Македонската тениска репрезентација избори максимални 3:0 во дуелот со Косово во рамки на второто коло од Третата Европска група од Дејвис купот. По двете сингл победи Македонија до максималните 3-0 дојде по триумфот во мечот во двојки. За македонскиот тим настапија Кристијан Јанев и Олег Приходко, кои со 2-0 во сетови (63 60) ги совладаа Дони Гаши и Салидин Рама.
Претходно во двата сингл меча Калин Ивановски го победи Гаши со 2-0 во сетови (75 64), додека Приходко беше убедлив во мечот против Јасин Јакупи со 2-0 (61 61).
На другите денешни мечеви во Кишињев Молдавија ја совлада Грузија со 3-0, а во А групата Летонија ја победи Црна Гора со 2-1, а Република Ирска беше поуспешна од Азербејџан со 3-0.
Утре Македонија во борба за второто место во групата ќе игра против Грузија, селекција која денеска загуби од Молдавија.
Фото: Тениска федерација Молдавија