VIP Професионален тенис Вести

Ден на победи на македонските тенисери на ИТФ турнирот во Загреб

23.06.2026

Македонските тенисери имаа успешни настапи на денешните мечеви на ИТФ турнирот во Загреб што се игра за награден фонд од 30.000 долари. Во поединечна конкуренција Олег Приходко, кој е прв носител за 51 минута го победи Словенецот Вид Мохар со 2-0 во сетови (61 63).

Во конкуренција на двојки македонската комбинација Каин Ивановски и Амар Хусеиновиќ ги победија Павел Кели (Словачка) и Лука Вуглар (Хрватска) со 2-0 во сетови 2-0 (64 63), а Приходко заедно со Андреј Чепелев ги победија Андреас Рендон (Салвадор) и Хосеп Ернандез (Аргентина) со 2-0 во сетови. Противниците во четвртфиналето ќе им бидат познати по утрешната програма.

Утре настап во поединечна конкуренција ќе има и Калин Ивановски, кој за ривал го има Јан Фацек (20 години) од Чешка.