VIP Вести

Елена Џунова - новата Бела значка меѓу тениските судии

13.05.2026

Елена Џунова е новата “White badge“ Бела значка тениски судија во Македонија, млада и талентирана девојка која од неодамна успешно ја положи обуката за меѓународни тениски судии организирана од ITF во Лопота, Грузија (23-27.04.2026).

Белата значка подразбира можност тениските судии:

Ова претставува значаен чекор во професионалниот развој на секој тениски судија и придонес за унапредување на тениското судење во државата.

Имавме можност за поразговараме со Елена за почетоците, инспирацијата и идните планови.

  1. Што те мотивираше да станеш тениска судијка и како изгледаше патот до оваа професија?

-      „Јас бев со тенисот уште од мали нозе, па самиот пат ме донесе до почетокот за судија, за кој беше иницијатор татко ми и не згрешив во мојата одлука што го послушав.“

  1. Дали имаше женски модели или поддршка во почетоците?

-        „Да, имав и сеуште имам многу голема поддршка од Анета, а и од другите девојки, Михаела, Јована, Данче... Сакам да му се заблагодарам и на Зоки, кој ми е исто така многу голема помош и поддршка.“

  1. Каква е состојбата со женското судење во тенисот денес – и кај нас, и на меѓународно ниво? Дали жените судии добиваат исти можности за важни мечеви како и мажите?

-       „Во минатото било поразлично, но сега можам да кажам дека сум среќна што ние девојките и жените сме третирани на исто ниво како и мажите и имаме исти можности за напредок.“

  1. Според тебе, кои се најголемите бариери што ги спречуваат младите девојки да влезат во судење или воопшто во тенисот?

-       „Би рекла дека тоа е најчесто стравот. Да се започне нешто ново, страв од тоа да биде неуспешно или тие да не се пронајдат, но сето тоа е начин на кој што се запознаваме и самите себе. Би додала на ова дека честопати ги слушаат празните муабети дека нема услови, нема место за сите, нема да успеат.“

  1. Кои се најдобрите и најтешките моменти што си ги доживеала како судијка?

-       „Најдобрите моменти се секогаш оние во кои сме опкружени со луѓе пред кои немаме потреба да се правиме тоа што не сме, имаат добра енергија и те мотивираат да се трудиш, едноставно се чувствуваш како дома. И секако ќе го спомнам школото за белата значка кое беше преубав период. Најтешките моменти, нема да влегувам во детали, но тоа се оние во кои треба да се соочиш со некои проблеми или одлуки кога си сам, кога мислиш дека ништо не е како што треба, но тие моменти не прават посилни.“

  1. Неодамна се врати од обуката за меѓународни судии организирана од ITF која се одржа во Лопота, Грузија, можеш ли нешто подетално да ни раскажеш како помина оваа обука, колку дена траеше, што нема да заборавиш од тие денови поминати ?

-       „Обуката за судии организирана од ITF во Лопота, Грузија, беше нешто за кое веќе подолго време се трудев да го постигнам. Секако дека бев и многу возбудена за истата, но професорите кои ни предаваа беа толку љубезни и трпеливи, одговарајќи на сите наши прашања со потполно знаење од долгогодишното искуство на турнири, како златни значки на Гренд слемови. Траеше 5 дена, а никогаш нема да го заборавам мечот што го судев и моментот кога дознавме дали сме положиле. Планот за понатаму е да работам многу повеќе, да добивам нови искуства и да оставам патот да ме води. Голема благодарност до Тениската Федерација на Македонија, која стоеше позади мене и ми беше голема поддршка до крај.“

  1. Што би им порачала на девојчињата кои сакаат да започнат кариера како судии или тренери?

-      „На девојките кои сакаат да станат судии или тренери би им препорачала да го направат тоа, без страв, бидејќи има многу од нас кои би им помогнале во секое време, а доколку се пронаоѓаат, да продолжат смело колку и да е тешко.“

  1. Што би требало да направат федерациите и клубовите за да има повеќе жени во судење и тренажен процес?

-       „Задоволна сум што федерацијата располага со се повеќе женски судии и тренери, тоа е огромен успех иако не изгледа така за сите, во секој случај би било уште подобро ако имаме повеќе професионални турнири на кои сите ќе добиваме уште искуства - судиите на меч, а тренерите заедно со своите играчи на терен.“

  1. Што најмногу те мотивира денес да продолжиш во оваа професија?
  1. Каде би сакала да се видиш себеси како тениски судија, кој турнир или можеби грендслем ти е предизвик?

-        „Како и секој судија би сакала да се видам на повисоко ниво, да бидам дел од сите Гренд слемови, но оставам патот да ме води, како и до сега, со верба во себе и во Бог.“

      

Проект за родова еднаквост во тенисот „АС за еднаквост“- Проект поддржан од Олимпискиот Комитет на С.Македонија, преку Проектот Фер Игра, а финансиски поддржан од Европската Комисија