VIP Професионален тенис Вести

Фаворитката Анисимова ја совлада Ѓорческа на нејзиниот прв настап на Вимблдон

30.06.2026

Ланската финалистка на Вимблдон Аманда Анисимова од САД ја оправда фаворитската улога во мечот од 1.коло на Вимблдон против македонската тенисерка Лина Ѓорческа и славеше победа со 2-0 во сетови (63 62) за 61 минута. Ова за Ѓорческа беше прв настап на Гренд слем турнир откако успешно ги мина квалификациите и оствари три победи.

Во првиот сет Анисимова единствениот брејк го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот, а во вториот сет имаше два брејка во третиот и петтиот гем, а потоа имаше и водство од 5:1 во сетот со што ја најави победата. Ѓорческа на свој сервис во седмиот гем успеа да спаси и една меч топка.