Пласман во финалето на двојки изборија и македонските тенисери Обрад Марковски и Горазд Србљак, кои во полуфиналето ги совладаа Николас Буена и Франциско Томас Гешвинд (Чиле/Аргентина) со 2-0 во сетови (75 64) за 91 минута.
Тие во финалето кое ќе се игра по завршувањето на второто сингл полуфинале меѓу Орлов – Поповиќ, а противници им се: Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија.